301
ЕДЕН од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, но и на Советскиот сојуз, Ѓорѓе Марјановиќ почина во саботата.
Како што откри неговата ќерка Невена, тој не починал од коронавирусот како што се мислеше прво, туку од старост.
Таа изјави дека има забуна, бидејќи неговиот имењак Ѓорѓе Н. Марјановиќ почина од корона, додека познатуит пејач се викаше Ѓорѓе С.Марјановиќ.
Посочи дека кога Ѓорѓе бил мал, тој имал проблеми со полицијата затоа што дошле да го уапсат за сериозно злосторство направено од друг Ѓорѓе Марјановиќ.