Земјишните реформи се едни од најкомоплексните во секоја држава, кај нас пазарот на приватното земјоделско земјиште е нефункционален, вели Александар Нацев земјоделски експерт во гостувањето во Утрински брифинг.
-Законот за приватизација е донесен 2003 година но тогаш беше направен од луѓе кои го гледаат светот од нивна перспектива. Сегашниот Закон е напиша од луѓе кои повеќе ја познаваат проблематиката и е добра база за да се започне тој процес, е сега добар закон не значи дека и домаќински ќе се имплеменитар бидејќи овде важи поговорката фрли рипче фати крапче, но нашата држава многу често има проблем со фрлањето на рипчето… Полемиката е дали земјиштето треба да се приватизира, вели тој.
Според Нацев земјоделското земјиште е подобро да има сопственик на подолги хоризонти.
-Земјиштето е необновливи природен ресурс затоа е добро да се има сопственик со подолги хоризонти, вели Нацев.
Тој напоменува дека законот е база, доколку малку се вложи во институција која темелно ќе се зафати со оваа проблематика.