Интересот за вакцинација се зголемува, вчера се аплицирани 9.721 вакцини

од Берта Китинска
153 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

-На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 2.276 граѓани. Со последните бројки 40% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, велат од министерството.

Од министерството информираа дека вчера во нашата земја пристигнаа нова пратка од 9.360 дози вакцини на производителот Фајзер.

-Од нив 4.680 се преку директен договор што го имаме склучено со производителот, кој во месец мај треба да ни испорача 26.000 дози вакцини, односно секој понеделник од 5.000 до 7.000 дози. Останатата пратка од 4.680 дози се од програмата за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан „Тим Јуроп“ (Team Europe) преку која државата, во месец мај ќе добие 19.890 вакцини, соопштија од МЗ.

Слични содржини