Пендаровски се вакцинираше во Куманово: Сите вакцини кои пристигнуваат во земјава се безбедни

од Берта Китинска
333 прегледи

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска ја прими својата прва доза од вакцината против коивд 19 во Куманово.

-Терминот за вакцинирање ми беше закажан за вчера, но меѓутоа бидејќи бев на службен пат денеска ја примив вакцината. Со тимот од кабинетот решивме да се вакцинираме  во друг град за да ја разбиеме шпекулацијата дека наводно едни вакцини се даваат во Скопје, сметам дека и  другите кои се на функција треба истото да го сторат. За да докажеме дека сите вакцини кои пристигнуваат во земјава се безбедни. Ревакцинацијата ми е на 8.6.2021, и планирам да ја примам во друга општина, изјави Пендаровски.