Организирале веридба со 30 лица во време на пандемија

од Nikola Popovski
399 прегледи

МВР соопшти дека на две лица од Куманово им била изречена кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19. Тие пред нивната семејна куќа организирале семејна прослава на која присуствувале 30 луѓе.

„Поднесена кривична пријава против лицата Ш.Б. и В.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“, информираат од СВР Куманово.

На 26.12.2020 пред семејната куќа на пријавените била организирана семејна прослава по повод свршувачка на второпријавениот, а на која присуствувале околу 30 луѓе, со што било постапено спротивно на член 206 од Кривичниот законик и мерките за заштита од Ковид-19 донесени од Владата.

Слични содржини