„Очигледно е дека владеачката партија, по некое време на власт чувствува потреба да го освежи своето раководство. Имавме повеќе такви ситуации, мини-ребрендирање, нов бран, како што имаше и ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт“, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски за емисијата „24 анализа“, коментирајќи ги промените во партиските структури на СДСМ.

Според него, времето ќе покаже дали ова значи нов квалитет во партијата или не.

„Сега засега изгледа како стандарден одговор на партија која е на власт“, рече Арсовски и додава дека во Македонија во последно време стана предност ако немате портфолио.

„Во таа смисла повеќе партии биле потиснати да покажат нови кадри, а тоа значи се помлади, со се помало портфолио, така што политичарите ги запознаваме откако ќе стапат на функција, а не претходно. Тоа е еден вид феномен“, потенцира аналитичарот.

Слични содржини