Запленета дрога во вредност од 200.000 евра, приведени три лица

од Берта Китинска
331 прегледи

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, приведени три албански државјани.

На 18.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за брзо распоредување и ОВР Ресен беа лишени од слобода К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија, со што беше пресечен меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Република Албанија, низ Република Северна Македонија, а наменета за Република Грција, како крајна дестинација.

Притоа, во рамки на засилените мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога, во текот на вчерашниот ден беше запленета марихуана во количина од вкупно 65 килограми, со вредност од околу 200.000 евра, соопштија од МВР.