Приведено лице од Виница, при претрес пронајдена дрога

од Берта Китинска
254 прегледи

На 18.05.2021 полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.И.(49) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во неговиот дом во Виница, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага, медицински игли, шприцеви и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.