Кабаетлукот на ЕУ е недвојбен, постои, голем е, и се градат стратегии како конечно ЕУ да го врати својот кредибилитет овде, вели премиерот Зоран Заев кој се осврна на заедничката работна вечера во Брисел со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, на која присуствуваа и лидерите на земјите од Западен Балкан и се разговараште за актуелни прашања за регионот во контекст на напредокот на земјите во процесот за нивно пристапување во ЕУ.
-Имавме средба на сите лидери со потпретседателот на ЕУ Борел и комесарот Вархеји. Зборуваме за Западен Балкан и перспективите. Кабаетлукот на ЕУ е недвојбен, постои, голем е, и се градат стратегии како конечно ЕУ да го врати својот кредибилитет овде. Кога влегувате во ЕК, има многу знамиња и слики. Ние имаме по едно вето за секоја слика. Ниедна земја која е аспирант за членство во ЕУ не чекала толку, рече Заев.