402
Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, ова лето би можел да го засили Јувентус како замена за Кристијано Роналдо, објавија италијанските медиуми.
Каталонците ќе прават реконструкција ова лето, а еден од играчите што претседателот на клубот, Жоан Лапорта, не сака да го сочува е францускиот фудбалер.
Се наведува дека Гризман би можел да дојде во Торино, ако Роналдо го напушти Јувентус ова лето, и се погласни се приказните дека Португалецот може да го напушти Апенинскиот полуостров на крајот од сезоната.
Гризман има договор со Барселона до јуни 2024 година.
Французинот пристигна во Барселона во јули 2019 година од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра и постигна 21 гол на 70 натпревари.