ДРАМА ВО ПОРТУГУСКИОТ ГИГАНТ: Полицијата влезе во просториите на Порто

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Португалските судски власти извршија претрес во неколку простории на фудбалскиот клуб Порто денес, како дел од истрагата за фалсификување на тест за коронавирус на еден играч на тој клуб.

Истрагата се однесува на „патување со авион во странство, што го направи фудбалер, наводно заразен со вирусот“, беше објавено во заедничкото соопштение на полицијата и обвинителството.

Фудбалскиот клуб Порто потврди дека станува збор за патување од јануари годинава, за фудбалер кој игра во првиот тим.

Судските власти наведоа дека, како дел од истрагата, тие сакаат да утврдат дали има ширење на заразна болест и фалсификување на медицински наоди.

Слични содржини