275
АРСЕНАЛ во својата академија го донесе 10-годишното дете кое многумина го нарекуваат чудо од дете. Неговото име е Лео Месо.
Младиот Кениец досега учел фудбал на Вест Хем, а фотографијата на која тој држи дрес на Арсенал со број 9 со неговото име во друштво на менаџерот на Академијата на Арсенал, Пер Мертезакер, го потврди неговиот премин од источниот во северниот дел на Лондон.
Момчето ќе продолжи да се развива во фудбалската школа на Арсенал и се надева дека еден ден ќе игра за првиот тим на клубот.