Вчера во 13.30 часот на сервисна улица во круг на комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, товарно возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(53) од с.Крушопек, скопско, удри во пешакот А.К.(74) од с.Неготино, општина Врапчиште, информираа од МВР.
По несреќата, на А.К. во Комплекс клиники „Мајка Тереза” ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.