„Проширувањето на ЕУ е битно прашање за нас во моментов. Очекуваме извесен напредок и се надеваме дека ќе успееме да ја подобриме преговарачката рамка, што се однесува на С. Македонија и Албанија“, изјави португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје.
Според него, целта на Португалија е во текот на нивното претседателство со ЕУ, да добијат одобрение од сите земји-членки на ЕУ, за да започнат со преговарачката рамка со Македонија и Албанија.
Силва и Вархеји денеска беа во Скопје и Софија за да разговараат со официјалните претставници на двете земји за проширувањето на ЕУ и можноста за одблокирање на процесот со цел одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија. Претходно во Софија, Силва и Вархеји се сретнаа со бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој рече дека Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Македонија.