Во последниот извештај, Министерството за здравство информира дека пријавени се вкупно 16 починати лица од коронавирус во последните 24 часа.
Билансот изнесува: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).
Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови. Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.
Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.