Кој е контроверзниот Италијанец што победи на Евровизија?

од Nikola Popovski
264 прегледи

Победник на 65. Евровизија е италијанскиот бенд Менескин со песната „Zitti e buoni“. Групата се состои од пејачот Дамијано, Викторија, Томас и Итан, а бендот е формиран пред шест години, поточно во 2015 година.

Тие имале голем пробив на италијанската музичка сцена во 2018 година, кога пред првиот студиски албум „Il ballo della vita“ објавиле два сингла „Morirò da Re“ и „Torna a casa“, со кои ги освоиле топ листите.

Следната година, во 2019 година, продале 140.000 билети за нивните свирки и концерти низ Италија и Европа.

Евровизискиот билет го добија победувајќи на овогодинешниот фестивал Санремо со бунтовната песна „Zitti e buoni“, што во бесплатен превод би значело „Молчи и однесувај се прифатливо“, или со сленг-речник „Не треси зелени и никој нема да те допре“.

Инаку, фронтменот на групата Даминао, момче кое „собра“ бројни симпатии на публиката, е родено во Рим на 8 јануари 1999 година, во знакот на Јарец. Тој израснал со својата мајка, за која зборува толку убаво што постојано го прашуваат за неа и за неговиот брат во италијанските медиуми.

Почнал да студира музика, но се откажува од факултетот затоа што добил можност да учествува во светски познатиот формат „Х Фактор“, каде Дамијано се претставил со својот бенд „Манескин“.

Неговиот љубовен живот е многу интересен.

Иако многумина рекле дека Дејвид имал афера со басистичката на бендот, Викторија Де Ангелис, самиот пејач ја негирал врската, велејќи дека таа засекогаш ќе му биде најдобра пријателка.

Пред да стане славен, пејачот се верил со Лукреција Петрак, со која ја прекинал свршувачката во 2017 година.

На почетокот на 2021 година, сепак, ималп гласини за наводна врска со манекенката Џорџо Солери, што пејачот потоа го потврди објавувајќи на Инстаграм, каде што двајцата се заедно, со опис „Четири години подоцна“, што значи дека нивната врска веројатно трае од 2017 година.

Слични содржини