Заев за српски „Курир“: Бугарите го прифаќаат македонскиот јазик, но сакаат да видат кои се корените

од Nikola Popovski
372 прегледи

„Постои решение за сè, но треба да го изберете вистинскиот момент. Кога има избори на Балканот, тоа се тешки моменти, тешко е да се решат, а тие беа во Бугарија сега. Се разбираме исто како и со Србија, зборуваме слични јазици и верувам дека ќе најдеме разумно решение“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за српски „Курир“.

Според него, кога ќе ги прашаат бугарските власти: „Зошто не го признаваат нашиот македонски јазик?“, тие велат: „Не, ние ја прифаќаме таа реалност, но да видиме кои се корените“. Имаме заедничка историја, цела Европа има заедничка историја, а камоли на Балканот. Од истата историја се создадоа нации – македонски, српски, бугарски, хрватски, сè.

На прашањето колку ќе чини слободното движење на српските граѓани во Македонија и фактот дека не треба да плаќаат патарина од 25 јуни до 15 август, како знак на благодарност за донираните вакцини, премиерот Заев вели:

„Нашите проценки велат дека се работи за 2,5 милиони евра, но е во ред. Тоа ќе го надомести нашата компанија за патишта. Вредноста на донираните вакцини е 700.000 евра“, додава премиерот.

Слични содржини