Радев: Европскиот пат на браќата од С. Македонија минува низ Софија

од Nikola Popovski
285 прегледи

Заедно со претседателот на Република Северна Македонија, не само што ќе оддадеме почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, туку ќе патуваме заедно во еден авион. Со претседателот Пендаровски ќе ја објавиме нашата јасна, заемна и политичка волја дека ќе ги развиваме односите меѓу нашите две земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство, изјавиl претседателот Румен Радев пред медиумите денес по повод заедничката почит кон делото на светите браќа во Рим на 27 мај, објави бугарската агенција БГНЕС.

„Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери“, рече претседателот пред новинарите денес. Според него, има големо внимание кон Бугарија.

„Нема да го кажам зборот притисок, но да не заборавиме – Бугарија е членка на Европската унија. Ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност. Најважно е да не дозволиме нови проблеми да се воведат во унијата“, рече претседателот.

Според него, патот за отворање на европскиот пат на „браќата“ од Република Северна Македонија минува пред се низ Софија.

„Ние мора да седнеме едни со други – спокојно, искрено и доброволно и да ги решиме нашите билатерални проблеми“, додал Радев.

Бугарскиот претседател, заедно со потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот премиер Стефан Јанев и членовите на Владата учествувале на официјалната прослава на 24-ти мај пред Националната библиотека „Свети Кирил и Методиј“.

Слични содржини