Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски оствари средба со неговиот италијански колега, Серџо Матарела во Рим.
„На претседателот Серџо Матарела му пренесов дека Северна Македонија ја цени конструктивната и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во EУ.

Нашите две земји ги поврзува традиционално пријателство. Го продолжуваме политичкиот дијалог и ја унапредуваме билатералната соработка во сите области од заеднички интерес“, сподели Пендаровски на својот Фејсбук профил.