261
МВР соопшти дека во понеделникот 47-годишен жител на прилепското село Крушејца пријавил дека неговиот сосед П.Т. (61) од Скопје, кој престојувал во селото, со огнено оружје го усмртил неговото куче.
По ова тој го земал кучето и го фрлил на непозната локација во атарот на селото.
По извршениот увид биле пронајдени две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В. а потоа го фрлил надвор од населено место. Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „Застава М 72“, кое го поседувал без дозвола.
По документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.