Францускиот „Санофи“ и британскиот „ГлаксоСмитКлајн“ (ГСК) денеска ја започнаа третата фаза на тестирање за потенцијално комбинираната вакцина против ковид-19, за која се надеваат дека ќе биде одобрена до крајот на 2021 година.
Студијата лансирана од „Санофи“ и ГСК е една од првите испитувања во доцната фаза, која комбинира тестови за засилувачи и варијанти, додека производителите на лекови ги прилагодуваат своите стратегии за борба против еволутивниот коронавирус, објави „Ројтерс“.
Двата производители на лекови, кои објавија позитивни привремени резултати на почетокот на овој месец, потврдија дека студијата во третата фаза ќе опфати повеќе од 35.000 возрасни лица во САД, Азија, Африка и Латинска Америка.
„Во двофазниот пристап, студијата првично ќе ја испита ефективноста на формулацијата за вакцини врз оригиналниот вирус, додека во втората фаза ќе ја процени втората формулација за вирусот Б.1.351“, соопшти „Санофи“.
Вирусот, познат како Б.1.351, за прв пат е откриен во Јужна Африка.
„Најновите научни докази покажуваат дека антителата генерирани против варијантата Б.1.351 можат да обезбедат широка вкрстена заштита од други преносливи варијанти“, наведе „Санофи“.
Третата фаза, која ќе се спроведува во широк спектар на разновидност на географски области, исто така, овозможува проценка на ефективноста на кандидатите против различните варијанти, додаде францускиот производител на лекови во изјавата.