Владата на Зоран Заев не смее со Бугарија да потпише договор што ќе влијае на идентитетот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп, каде што најави дека партијата нема да признае евентуален таков договор и ќе го укине кога ќе дојде на власт.
Мицкоски потенцираше дека Република Македонија треба да отпочне безусловни преговори за влез во ЕУ уште во јуни месец, бидејќи тоа не е нешто кое што Република Македонија го бара како милостина, туку таа тоа го заслужува.
-Доколку Владата на Република Македонија изминатите неколку години работеше на вистински реформи во врска со правосудството, здравството, образованието, економијата, тогаш Република Македонија ќе имаше уште поголем број аргументи на своја страна во преговорите со ЕУ. Поради тоа што Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ ја урниса државата и ги клекна на колена образованието, здравството, економијата и целото општество, сега притисокот е директно врз нив и од нив се очекува да престанат со националната распродажба и расфрлањето на историјата на Република Македонија, вели Мицкоски.