Ковид бројките полека се намалуваат, се намалува и притисокот врз болниците.
Надлежните велат дека можно е ново олабавување на мерките од идната недела.Во моментов бројот на активни носители низ градовите во земјава се намалува.Во Скопје и Куманов има најголем број , додека во Дебар, Дојран и Демир Капија нема ниту еден заразен со ковид 19.
Најмалку заразени има во:
Македонски Брод 359, Активни 3
Пехчево 268, Активни 1
Пробиштип 789, Активни 8
Валандово 666, Активни 3
Богданци 494, Активни 3
Берово 1029, Активни 3
Крива Паланка 1219, Активни 6
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.