Со патничко возило удрил во пешак и побегнал

од Берта Китинска
143 прегледи

На 27.05.2021 околу 20.00 часот на крстосница од ул.„Карл Маркс“ и ул.„Борис Кидрич“ во Штип, патничко моторно возило удрило во пешакот Ј.Р.(53) од Штип, по што го напуштило местото на настанот.

По незгодата Ј.Р. била пренесена во Клиничката болница Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.