„Јас нема да купам ништо што е толку скапо кое нема да ми треба. Софтверот платен во Франција од 6 ипол милиони евра и е истиот, за иста намена. Апсолутно тоа се случувало во Владата и јас не можам да се оградува по мое сопствено убедување. Прво моето негодување за предметот со Рашковски ја испраќа потврдата дека не диктира премиерот, политиката што треба да работи Обвинителството и судството. И да не се согласувам пресудите се донесени и јас морам да ги почитувам“, рече Заев.
Тој вели дека нема никаква намера да влијае на процесите.
„Да создатете постапка во која учествуваат пет компании, имате компетитивност, натпревар со лицитација, од осум милиони паѓа на 5,1 милион, софтверот е завршен, истестиран и Владата има целосно право да го направи за сопствени потреби. Ако донсеме одлука како Влада, можеме да го наметнеме на која било од институциите што им треба. Имаме донесено одлуки согласно Законот и Планот за јавни набавки, пари предвидени во буџетот за таа намена и апсолутно е нешто што е потребно за државата. Немам никаква намера да влијаам на процесите. Само го кажувам својот став и многу често прашан од новинарите, не сам да го наметнувам, но ако во моментов ги потиснам моите чувства, тогаш не сум човек“, истакна Заев.
Ги кажувам чувствата како тогаш за Јанакиески и Јанкулоска, зашто сум против притворот како казна, а бев и во суд, како сведок за 27 април, а таму беше токму обвинителката Русковскам, дополни Заев.