Пред околу еден час избувнал пожар на Клиниката за радиологија.
Вработените и пациентите од оваа установа биле навреме евакуирани, информираа неколку медиуми. Пожарот е ставен под контрола, а истрагата треба да покаже како се случил.
Првичните информации велат дека станува збор, најверојатно, за неисправна инсталација.