Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче.
-Вкупно се аплицирани 304.904 дози вакцини, а ревакцинирани се 71.060 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 13.592 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.411 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 429.464 граѓани.Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 41% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.Со последните бројки 34% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, вели Филипче.