Повеќе од 13.400 луѓе се потпишаа на онлајн петицијата со која се бара повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација.
Петицијата насловена „Македонија на ЕП во старите дресови!“ осамна на интернет откако Фудбалската федерација на Македонија синоќа ги претстави новите дресови за дебитантскиот настап на македонските фудбалери на ЕП 2020, предизвикувајќи поделени реакции во јавноста.
По овие реакции вечерва се огласи претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, со кратка порака: „Фудбал се игра за фановите“. Потоа во својата објава пишува „Одиме на Европско, напред Македонија“, а во сликата и стариот македонски дрес, со црвената боја и жолтото сонце. Дали ова значи пресврт во целата приказна, дали ФФМ го слушна гласот на народот, навивачите?