Субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2020 година се исплатени.
Од СДСМ информираат дека се уплатени субвенции во износ од 1.7 милијарди денари на сметките на над 28.000 тутунари.
-Оваа поддршка доаѓа во вистински момент за тутунарите, кои ја започнуваат новата производствена сезона.
Трудот на земјоделците се вреднува и се плаќа. Од почетокот на годинава, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции.
Аплицирањето за новата програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2021 година е во тек.
Рокот за поднесување на барањата е продолжен до 31 јуни оваа година, а досега се поднесени речиси 46.000 апликации.
И во услови на здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата, СДСМ како одговорна партија насочена кон интересите на граѓаните продолжува со неселективна и транспаретна исплата на поддршката за македонското земјоделство, стои во соопштението на СДСМ.