Возачот Владимир Шекуларац (38) од Александровац починал денес за време на трката на автодромот Берановац кај Краљево.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа неговото смачкано „југо 55“, со кое излетал од патеката во деветтиот круг.
Трката веднаш била прекината, а припадниците на противпожарната единица за спасување го извлекле тешко повредениот возач од разбиениот автомобил, по што со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Општата болница „Студеница“ во Краљево.
И покрај големите напори на лекарите да го реанимираат и да му го спасат животот, Шекуларац сепак им подлегнал на тешките повреди на главата.
Потоа, во автодромот стигна веста дека младиот возач починал и сите трки по најавените класи биле официјално запрени, а 53 други возачи возеле почесен круг, со што му оддале почит на трагично загинатиот колега.