Бочварски за Законот за дивоградби: Воопшто нема да го носиме на „мускули“, ќе претрпи измени

од Nikola Popovski
344 прегледи

„Одлуката на Пендаровски да не го потпише овој Закон, за нас беше уште еден аларм, за да направиме неколку измени. Сакам граѓаните да знаат дека воопшто нема да носиме закони на мускули“, вели министерот за транспорт, Благој Бочварски во изјава за ТВ Канал 5, додавајќи дека за три-четири недели ќе биде готов новиот Закон за легализација на дивоградби.

Според него, членот од Законот за ставање во правна рамка на објект кој што е во заштитените зони, е отстранет.

Бочварски додава дека продолжуваат консултациите со стручната фела, вклучително и со опозицијата која гласаше за претходното законско решение.

Неофицијално, во моментов во општинските фиоки ширум земјава 90.000 барања за легализација чекаат на одобрување.

Слични содржини