Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го покани премиерот Зоран Заев на телевизиско соочување, да поразговараат за одредени теми, што ја интересираат јавноста.
„Официјално да упатам една порака и покана до Заев, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат, една телевизија да организира соочување, за да можеме да поразговараме, во кој ден и време сака, за тоа што се преговара во Бугарија и предлозите на португалското претседателств. Каков е тој роуд-мап, кои се тие услови, а кои не биле поврзани со идентитетот, но и за други теми. Зошто тет-а-тет средби, еве нека биде дуел“, истакна Мицкоски, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.