Османи: Бугарската техничка влада не е Државна изборна комисија, може да носи одлука за почнување на преговори

од Nikola Popovski
217 прегледи

„Очигледно е дека единствено претседателот Радев има целосен политички мандат во земјата, а сите други структури имаат технички мандат“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за емисијата „360“.

Тој сепак смета дека техничката влада на Бугарија не е Државна изборна комисија и може да донесе одлука за почнување на преговори, иако важен е и ставот на претседателот Радев.

„Комуникацијата продолжува на сите нивоа, но на маса во моментов единствено засега е португалскиот предлог. Во овој период не можеме да очекуваме решение кое произлегува од Заедничката комисијат за историски прашања, туку повеќе создавање на процес, во кој што тие билатерални спорови ќе се решат понатаму“, додава Османи.

Слични содржини