Заев за Сејдини: Не ми дозволи да се сретнам со репрезентативците

од Nikola Popovski
429 прегледи

„Последниот состанок со Сејдини го имав пред 4-5 месеци и кажав дека не може сите федерации во државата да го адапатира статутот согласно Законот за спорт, а само ФФМ одбива. Заобиколувањето на Законот е најсериозна документација дека нешто таму се случува. Сепак не е мое да се мешам, туку само да испратам порака дека Законот мора да се почитува, а во него е вградено дека клубовите се доминантни претставници во Собранието на федерацијата, а не ОФС кои не постојат“, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во врска со несогласувањата и критиките кон претседателот на ФФМ, Мети Сејдини.

Тој посочи дека сакал да се види со репрезентативците пред да заминат на ЕП, но Сејдини не му дозволил.

„Сакав вчера, но од ФФМ и Сејдини ми рекоа не може. Сакав да отидам и до хотелот Хилтон, каде што се сместени, но и таму не ми дозволија. Затоа во среда ги поканив во Владата, за да поразговараме, затоа што голем дел од нив го побараа истото“, истакна премиерот, додавајќи дека и покрај се тој не е скаран со ФФМ, но дека законите мораат да се почитуваат.

Слични содржини