Маж (41) од источната провинција Џагсу е заразен со новиот вид на птичји грип наречен H10N3, кој е помалку опасен од другите, соопшти денеска Кинеската национална здравствена комисија (НХЦ).
Жител на градот Џенџијанг беше хоспитализиран на 28 април, откако добил висока температура и уште неколку други симптоми, наведе НХЦ.
Еден месец подоцна, на 28 мај, беше утврдено дека има птичји грип, но деталите за тоа како мажот се заразил со вирусот не се познати, објави „Ројтерс“.
H10N3 е помалку опасен вид, така што ризикот од епидемија е многу мал, додаде НХЦ.
Мажот е стабилен и подготвен да биде отпуштен од болницата, а со следење на неговите контакти, не се откриени други случаи.
Постојат неколку видови на птичји грип во Кина, а понекогаш се случува и да дојде до зараза, но немало поголем број на заразени од 2016-2017 година, кога видот H7N9 уби околу 300 лица.