Сообраќајка на ,Партизанска: „Jагуар“ удрил во пешак и комбе

од Берта Китинска
399 прегледи

Вчера во 15 часот на паркинг простор од зграда на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, автомобил „јагуар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ј.(76) од Скопје удрил во паркирано товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, паркиран од З.А.(29) од с.Долно Свиларе, скопско и пешак М.Ј.(74) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.