Тиодоровиќ: Сите ќе мора да примиме и трета доза од вакцината против корона

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека сите ќе треба да ја примиме третата доза на вакцината против коронавирусот за шест, осум или 12 месеци, без оглед на видот на вакцината која сме ја примиле.

– Така сме навикнати и кога станува збор за грипот. Прво се даваат две дози, а потоа секоја година се дава по една доза. Веројатно ќе ја имаме таа ситуација и со оваа болест – рече Тиодоровиќ за ТВ Прва, а пренесува „Танјуг“.

Тој изјави дека не е потребно сите да бидат тестирани за антитела и да „прават драма“ затоа што, како што истакна, сите четири вакцини што во моментов им се достапни на граѓаните на Србија развиваат антитела кои штитат.

Тој додаде дека дали тие ќе се задржат подолго или пократко, зависи од видот на вакцината.

Слични содржини