290
Карло Анчелоти, доскорешниот тренер на Евертон, ќе биде новиот тренер на фудбалскиот клуб Реал Мадрид.
Информацијата ја пренесе шпанска „Марка“, а Фабрицио Романо ја потврди и на социјалните мрежи.
Анчелоти на тој начин се враќа во клубот кој го водеше од 2013 до 2015 година и ја освои 10. титула европски шампион, Куп на кралот, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.
За тоа време тој имаше 75 проценти на добиени натпревари.
Реал успеа да го реши прашањето за тренерот за многу краток временски период, откако Зинедин Зидан го напушти клубот.
Во конкуренција за нов тренер на „кралскиот“ клуб беа Маурисио Покетино, Антонио Конте и Раул.
Италијанскиот тренер беше во Евертон година и пол, со кого потпиша договор до 2024 година.