Нашата фудбалска репрезентација не успеа да го добие првиот контролен натпревар пред настапот на ЕУРО 2020, откако вечерва ремизираше со селекцијата на Словенија. Фудбалерите пропуштија голема можност за победа пред заминувањето во Букурешт, откако водеа се до последната минута од натпреварот.
Стрелец на водечкиот гол за „црвено-жолтите“ попладнево на арената „Тоше Проески“ во Скопје беше Елиф Елмас во 55 минута по асистенција на Езџан Алиоски. До крајот на средбата, Македонија имаше уште неколки убави шанси преки Тричковски и Елмас но немаше промени по резултатот. За жал, за 1:1 се погрижи Црнигој во 97 минута.
— Stefan (@StefanDaskalov) June 1, 2021
Треба да се напомене дека во последната четвртина од натпреварот, Ангеловски шанса им даде на репрезентативците кои не се во прв план, па можеби тоа резултираше со мало опуштање во играта и на крај примање на погодок.
Вториот контролен натпревар кој ќе биде и последен пред Европското првенство го играме во петок против Казахастан.
Македонија на Европското првенство ќе игра во групата Ц против репрезентациите на Австрија (13 јуни во Букурешт, 18 часот), на Украина (17 јуни во Букурешт, 15 часот) и на Холандија (21 јуни во Амстердам, 18 часот).