СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е толку изгубена што обвинува за проблеми во Охрид создадени од Бакрачески

од Nikola Popovski
137 прегледи

За владеачката СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски дефинитивно е тотално изгубена во реалноста.

„Последен доказ за тоа е денешното обвинување за патеката Студенчишко блато – Парк која е бетонирана токму од нивниот градоначалник Никола Бакрачески кој овој проект го најавуваше како еден од најважните, а денес се покажува како најпроблематичен“, стои во партиското соопштение.

Според нив, по 11 години пустошоње, градби без план о, сквернување на историски објекти како Плаошник од страна на ВМРО-ДПМНЕ денес на оваа партија ѝ пречи што се става ред на охридското крајбрежје.

Јавноста е сведок на уривање дивоградби, на расчистување на плажите и бреговите, на функционален колекторски систем, ставање ред и поредок во Охрид. За разлика од неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата, институциите предводени од СДСМ продолжуваат со борба за зачувување на статусот на Охрид и охридскиот регион“, заклучуваат од СДСМ.