253
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски денеска изјави дека нема да има одлагање на локалните избори, по поништувањето на првиот тендер за набавка на терминали за отчитување на биометриски податоци на граѓаните. Повторениот тендер е објавен вчера, информираше тој во изјава за медиумите пред почетокот на седницата на ДИК.
-Тендерот е објавен вчера и ќе заврши до крајот на овој месец и нема да има никакво одлагање (на локалните избори) бидејќи рокот е флексибилен – втората половина на октомври. Ние ќе го известиме претседателот на Собранието кога ќе бидеме подготвени, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК).