Алкохолот негативно влијае на создавањето на антитела

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Антителата на коронавирусот се развиваат најслабо кај луѓето постари од 70 години, како и кај оние кои се под постојан стрес или редовно пијат алкохол, изјави рускиот научник Александар Гинцбург.

Директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на Гамалеј од руското Министерство за здравство рече дека, како по правило, сè е попроблематично кај постарите луѓе, од 70 до 80 години, вклучително и развојот на антитела. Сепак, тој вели дека одредени околности можат да го отежнат развојот на антителата и кај помладите луѓе.

„Редовната консумација на алкохол, особено за време на периодот на вакцинација, има многу негативно влијание врз количината на развиени антитела и врз имунитетот на Т-клетките. Постојан стрес или постојани стресни услови, исто така имаат негативен ефект“, изјави Гинцбург.

Научникот исто така објасни дека производството на антитела може да биде под влијание и на антибиотици од широк спектар.

Слични содржини