Донев: Не е изненадување ако има кандидат Албанец, веројатно во сабота ќе има некое барање

од Nikola Popovski
356 прегледи

„Не е изненадување, ако има кандидат Албанец. Во секоја нормална држава е тоа. Секоја коалиција дава свои луѓе“, вели поранешниот амбасадор, Јован Донев во емисијата „Само вистина“, коментирајќи ја веста што лидерот на ДУИ, Али Ахмети треба да ја соопшти во сабота.

Според него, лошо е што во земјата две коалиции немале заедничка платформа, туку секогаш се пазарат.

„Тоа се две тајфи кај што си ги делат местата и тоа што треба да не загрижува е несериозност на македонската политичка елита. Не може ништо да ме изненади од Ахмети, затоа што не очекувам ДУИ да излезе со нешто сериозно. Тоа веројатно ќе биде некое барање“, додава Донев.

Слични содржини