Донев: Санкциите на САД кон Груевски немаат логика

од Nikola Popovski

Ваквата одлука на САД нема никаква логика. Груевски веќе 5 години не е тука, додека за Мијалков има логика, има случаи против него. Ова повеќе ми е обид на американската администрација на еден начин да ги предупреди сите оние на Балканот, да се влијае на сите што се обидуваат да покажат симпатии кон Русија во судирот со Украина. Тоа е присутно на ова поднебје, вели поранешниот амбасадор Јован Донев во емисијата „Само вистина“ за ставањето на Груевски и Мијалков на црната листа на Стејт Департментот.

Според него, текстот во соопштението на американското министерство за финансии нема логика.

-Груевски е веќе осуден и се водат постапки. Проценката на американската администрација нема логика. Да го видиме целиот пакет. Треба да видиме кон кого се е насочено ова од целиот регион, за да правилно процениме за што се работи. Не го бранам Груевски, смета Донев.

Слични содржини