🎥Изгаснат пожарот во куќа позади Универзална

од Nikola Popovski

Пожар избувнал денеска во куќа на улицата „Борка Талески“ позади Универзалната сала. Според Скопската противпожарна бригада, пожарот е локализиран, а при гаснењето интервенирале 12 пожарникари со пет противпожарни возила.

Опожарени биле еден кат и кровната конструкција на објектот.

Немало повредени при огнената стихија. Во моментов, се работи на расчитување на просторот.

Слични содржини