Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.05.2024 (вторник), поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информираат од МВР.

На настанот свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици, како и забавна програма со популарни изведувачи после официјалниот дел.

Слични содржини