Директна авиолинија Скопје – Москва

од Берта Китинска
329 прегледи

Македонија и Русија ја обновуваат директната авио-линија Скопје-Москва која беше пролонгирана поради пандемијата со коронавирусот.

Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне во 17 часот и 10 минути.

Отворањето на директната авиолинија ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на авионот од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите.

Според најавеното линијата ќе ја има еднаш неделно односно секој петок .

Слични содржини