Заев: Ќе се одземаат лиценци на бензиски ако точат неквалитетни горива

од Берта Китинска
210 прегледи

Ќе има и санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе има и препораки до Регулаторна комисија за енергетика за одземање лиценци на бензиски ако точат неквалитетни горива, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со контролите на бензиските станици во земјава за неквалитетни горива.

– Тоа се дејствијата. Веќе е соопштено во јавноста каде е надминат процентот на вода, на пепел, немаат доволно петдневни резерви како што е пропишано по Законот и по Правилникот и соодветно сите институции ќе си носат одлуки, но не треба да застанеме тука, кажа Заев.

Тој вели дека контролите ќе продолжат и ќе се проверува дали се почитуваат сите стандарди.