СДСМ: Граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата, истата онаа што Мицкоски ја укина

од Nikola Popovski
322 прегледи

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија скокна за 100% и беше укината евтината тарифа на струјата. Христијан Мицкоски како советник за енергетика на Никола Груевски и како најнеспособниот директор на ЕСМ водеше најлоша енергетска политика и наместо на граѓаните мислеше само на своите бизниси со хидроцентралите, соопштија од владеачката СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата, истата онаа што Мицкоски ја укина и на чие повторно воведување, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше.

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која работи на штета на граѓаните и државата, Владата предводена од СДСМ државата инвестира во енергетиката и обновливите извори на енергија и води одговорни енергетски политики кои се признаени од Европската енергетска заедница и кои во раелноста даваат видливи резултати во развојот и унапредувањето на енергетскиот сектор.

Во таа насока е и Интервентниот план на инвестиции во кој за периодот 2021-2027 година се предвидени инвестиции од над три милијарди евра“, велат од СДСМ.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, без прецизен одговор колкаво би можело да биде поскапувањето на струјата за кое сѐ погласно периодов се зборува во јавноста.

„Во моментов ги анализираме детално доставените пресметки од енергетските компании, под лупа се ставени сите ставки. Штом заврши овој процес, ќе можеме да кажеме дали и колку од пријавените трошоци се реални, дали се прифатени и колку тие ќе вилјаат на оформување на цената на електричната енергија, вели во интервјуто за „Локално“, Бислимоски.

Претседателoт на РКЕ истакна дека граѓаните максимално ја користат евтината тарифа и дека како регулаторно тело ќе сторат се за да може оваа поволност и понатаму домаќинствата да ја користат.

Слични содржини