Од Скопје до Москва за 125 евра, ќе се лета еднаш неделно

од Nikola Popovski
475 прегледи

„Од денес воспоставена е новата директна авио-линија, Москва – Скопје, што е прво директно поврзување меѓу двете земји после 20 години“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на официјалното пуштање во функција новата авионска линија.

Настанот се одбележува скопскиот аеродром, а првиот лет на авиокомпанијата „Нордвинд“ од Москва во Скопје слета денес во 17 часот и 10 минути.

„Ова е особено значење за граѓаните на двете земји. Во најскоро време и „Визер“ ќе ги врати летовите, кои што претходно беа суспендирани поради ковид-пандемијата. Очекувам овој леѕ да донесе оптимизам и поголема соработка меѓу Русија и С. Македонија“, додаде Бочварски, нагласувајќи дека летањето за Москва ќе биде еднаш неделно, во петок.

Руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „боинг 737-800“ со 189 седишта, а проценетото време на патување е 3 часа 25 минути. Цената на авионската карта од Москва до Скопје е 106 евра, a обратно од Скопје до главниот град на Русија е 125 евра.

Слични содржини